Новиот iPhone ќе има технологија која ја нема ниеден друг телефон!

popara24 март, 20151min00
19

Кога станува збор за дизајнот на телефонот, кој најверојатно ќе го носи името iPhone 6S и 6S Plus, тој нема драстично да се разликува од оние постарите модели.

Apple планира во понудата да воведе два нови iPhone модели во кои ќе вгради Force Touch дисплеи. Ова е нова технологија која за прв пат е представена на Apple Watch паметниот часовник и новиот MacBook лаптоп.

Се работи за технологија која детектира колку силно корисникот го притиснал екранот. Тоа овозможува голем број опции на помалите екрани. Apple истото куќиште воглавно ќе го користи околу две години, а спрема наводите на Wall Street Journal, познатата компанија планира новите модели да бидат со големина од 4,7 и 5,5 инчи, како ислична револуција со постарите.

Меѓутоа, она по што новото милениче на Apple би можело да се разликува е розевата боја која компанијата наводно ја тестира. Покрај розевата, новите модели ќе бидат достапни во сребрена, златна и сива боја.

Секако, плановите на компанијата до појавувањето на овие уреди можеби ќе се променат, но за промена остана уште малку време, со оглед на тоа што се шпекулира дека масовното производство ќе започне во мај.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag