Храбрите љубат, другите губат

popara26 март, 20151min00
2

Се исплаши, откако помина саат два со неа, после години. Се исплаши, зошто уште му беше блиска.
Се исплаши, зошто стоеше пред неа и разговараше со неа, како времето да не поминало, како да не поминале години откако последен пат беше со неа.
Му се врати стравот кој секогаш го чувствуваше кога беше со неа, стравот да дозволиш љубовта да ти го води животот. Беше научен да живее живот во кој можеше да контролира се што му се случува, не му требаше таа, еден чекор фалеше да направи, за да и препушти се на љубовта. Толку внимателно застануваше на таа црвена линија, стотици пати беше пред искушението да се препушти на таа голема љубов што го чекаше, на другата страна.

Таа стоеше таму, зад црвената линија и со цвеќе во косата и сонце во очите го викаше со сиот свој глас, се што требаше да направи е да ја остави гордоста и стравот и да премине на другата страна.

Избега.
Не ја помина никогаш таа линија, болеа некои лузни стари, не сакаше да изгори.
Избега и сега.
Избега зошто еден момент со неа го врати назад, како ни ден да не поминал, повторно стоеше пред црвената линија, Избега зошто знаеше, кога ќе ја помине враќање назад нема, кога ќе ја добие, ќе се изгуби себе си (во неа).

Никогаш повеќе не ќе можеше да замине, но храбрите љубат, другите губат.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag