
Спенсер Каткарт го направи краткиот документарен филм “Лагите во кои живееме”, во кое ја преиспитува човечката слобода, школувањето, корупцијата, парите, капитализмот, колапсот во светот, заштитата на природата, климатските промени, ГМО и начинот на кој луѓето ги третираат животните.
“Во овој момент можете да бидете било каде, правејќи било што. Наместо тоа седите зад компјутерот. Што е тоа што не спречува да го правиме она што го сакаме, да бидеме онаму каде што сакаме да бидеме? Секој ден се будиме во истата соба и го следиме истиот пат, за да го живееме истиот ден како вчера. Некогаш секој ден беше нова авантура, а тогаш се се промени. Значи ли овој начин на живот дека пораснавме, дека сме слободни? Дали сме навистина слободни?”, го започнува својот документарец Каткарт.

Тој открива дека основните ресурси за преживување не се во рацете на поединците, туку во корпорациите. Ништо од она што природата ни го дава не е наше.
“Им се покоруваме на нивните правила. Го откриваме светот низ учебниците. Со години седиме и го прифаќаме она што ќе ни го кажат. Не тестираат и оценуваат, како предмети во лабораторија. Не одгледуваат да не менуваме ништо во светот, да не бидеме поинакви, да бидеме доволно паметни за работата која ја работиме, но и да не прашуваме зошто го правиме тоа”, продолжува тој.
Тој додава дека немаме време за животот за кој работиме, се додека не остариме и повеќе не можеме да работиме, а тогаш сме оставени да умреме.

“Заедно имаме единствен живот, но заедно сме само гориво. Гориво кое и дава моќ на елитата”, заклучува тој. “Тие нам ни даваат пари, а ние за возврат им го даваме светот”.
“Денес имаме можност која никогаш претходно не сме ја имале, по пат на интернетот да ја споделиме својата порака со милиони луѓе ширум светот”, порачува Каткарт.
Погледнете го драматичното видео кое досега собра 2,5 милиони прегледи, па самите заклучете дали се согласувате со она што е изнесено во него.
https://www.youtube.com/watch?v=auLKbhiSHLE