Шокантни детали по пронајдените црни кутии за падот на германскиот авион

popara26 март, 20151min00
16

Податоците од пилотската кабина на германскиот авионот кој во вторникот утрото се сруши врз француските Алпи покажуваат дека еден од пилотите излегол од кабината непосредно пред леталото да паѓа, меѓутоа не можел да се врати назад. Ова за „Њујорк тајмс“ го изјавил еден француските истражувачи кои работат на расчистување на случајот и кој имал можност да ги слушне снимките од црната кутија.

Авионот, Еирбас А320 летал на релацијата од Барселона, Шпанија до Дизелдроф, Германија кога во еден момент ја изгубил висината и удрил во Алпите при што загинаа 144 патници и шест членови на екипажот.

Висок воен функционер којшто е вклучен во истрагата објаснил дека првиот дел од летот бил рутински и опуштен, а потоа еден од пилотите излегол од кабината и не можел да се врати.

– Човек од надворешната страна на кабината полека тропа на вратата меѓутоа нема одговор. Потоа удира посилно, но ни тогаш нема одговор. Воопшто немало одговор, вели истражувачот додавајќи дека на снимките може да се чуе како некој потоа се обидел да ја скрши вратата.

Како што пишуваат медиумите ова дополнително ја зголеми мистеријата околу падот на авионот, а истрагата во овој момент не знае дали од кабината излегол пилотот или копилотот. Чудно е што леталото на „Германвингс“ дури осум минути било во слободен пад а во тој период не стигнал ниту еден повик за помош од пилотската кабина. Британски авио-експерт за „Би-би-си“ изјави дека најверојатно пилотот бил во несвест и претпоставува дека до тоа дошло бидејќи во авионот одеднаш радикално се сменил воздушниот притисок.

Вчера француската полиција соопшти дека мали се шансите падот да бил резултат на тероризам, а „Луфтханза“, авио-гигантот кој стои зад компанијата „Германвингс“, првично соопшти дека станува збор за несреќа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag