Ги исфрлила од куќата!
Познатата актерка од мексиканските серии Габриела Спаниќ, која нашата публика ја запозна во серијата „Злобница“, побеснела на својот брат и мајка.
Имено, таа пред неколку години им купила вила во Мексико, но откако дознала дека последните неколку месеци во вилата ја доведувале нејзината сестра близначка Даниела, одлучила да ги исфрли.
– Не може да им се опрости тоа што и го правеле зад грб- рекол пријател на семејството.
Инаку, актерката со својата сестра не зборува затоа што наводно се гледала со нејзиниот прв сопруг, актерот Мигуел де Леон.