Откако првпат ја здогледал својата идна сопруга пред олтарот, еден младоженец ја напуштил церемонијата и скокнал во река со намера да си го одземе животот.
Момчето Канг Ха имало договорен брак со девојката На Сунг, а договорените бракови не се невообичаени во Кина. Меѓутоа кога Канг ја запознал својата невеста одлучил да си го одземе животот бидејќи сметал дека таа не е доволно убава за него.
– Извини премногу си грда – рекол младоженецот а потоа отишол да скокне во блиската река. Сватовите биле шокирани и затечени од овој настан.
Непријатна сцена. Невестата беше очајна, семејството бесно, а ние бевме посрамени – изјавил еден од сватовите.
Несреќниот младоженец го пронашле како плови во реката онесвестен и веднаш повикале полиција и брза помош.
Лекарите не успеале да му го спасат животот, а младоженецот се уште бил очаен поради изборот на неговите родители.
– Оваа невеста едноставно не ми одговара, би ми го расипала имиџот. На родителите не смеам да им приговарам бидејќи тие ја избрале, единствен излез на кој помислив во моментот беше самоубиство – изјавил Канг за медиумите.