
Фотографиите од американската актерка Тара Реид на плажите во Мајами загрижија многу луѓе бидејќи анорексичната актерка е толку слаба што нејзиното тело и лице се изобличени.

Предупредувањата дека треба да поведе сметка за своето здравје пристигнуваат од сите страни, но актерката одлучно ги демантира гласините за анорексијата.
– Се забавувам на плажа со пријателките – напишала актерката на Инстаграм, но тешко дека некој видел нешто забавно на овие фотографии.

