Антибалистичката ракета 53Т6 е руско оружје дизајнирано 1980. година, а во употреба е од 1995. година. Таа претставува дел од антибалистичкиот систем А-135, а се претпоставува дека е осмислена за потребите на Студената војна.
На снимката е прикажана неверојатната можност на ова оружје, а тоа е пресретнување на возила со оддалеченост од 100 километри. Димензиите на ракетите се 10 метри во должина и метар во пречник, а тежината изнесува околу 10 тона.
Се тестира еднаш годишно, а на снимката која е објавена на Јутјуб може да се уверите колку е моќно и опасно ова оружје.
Ракетата достигнува неверојатна брзина од 5,8 километри во секунда.
Погледнете го видеото:
https://www.youtube.com/watch?v=Ju2HVapAQ4U