На сајтот „Polovni automobili“ се појавил оглас за продажба на рускиот монструм од автомобил по цена од 115.000 евра. Се работи за Лада, стара четири години која поминала 98.000 километри.
Лада Комбат е целосно блиндирано возило, може да издржи удар од рачен минофрлач, обичните куршуми не му можат ништо. Автомобилот е обложен со легура од титаниум со дебелина од 6 сантиметри. Стаклата се со дебелина од 16 сантиметри и се непробојни. Возилото е на хибриден погон, радиусот на движење само на батерија е околу 400 километри. Троши бензин околу 18 литри. Може да се движи и под вода, има сопствени залихи на кислород и вакумски е затворен, е наведено во огласот за овој неверојатен автомобил.
Сопственикот на возилото вели дека не е сомнителен бизнисмен, туку дека автомобилот го добил на подарок.