Јасмин отворено го кажа своето мислење за сите натпреварувачи.
Учесникот што го напушти „Парови“ Јасмин Невенкиќ вели дека толку му се допаднала Мими Оро што би се оженил со неа.
Мими ми се допаѓа како личност, нејзиниот став, однесување и размислување, а згора на тоа и физичкиот изглед. Не ми смета тоа што има досие за проституција во полиција, не ме интересира што било пред мене.
Јас не знам дали сме во врска, не одлучувам сам, но ако одлучувам таа би била моја девојка. Сепак не знам како би функционирале во надворешниот свет, но искуството во вилата со неа ми беше убаво. Би се оженил со неа и би имал деца, изјави Јасмин.
Од друга страна тој вели:
Најмногу ме нервираше Маца Дискреција, многу е несмасна и неуредна. Не води грижа за личната хигиена. Јелена пак е психопат, треба да ја затворат во институција.