Apple и Samsung работат на заеднички телефон

popara1 април, 20151min00
14

Ова е вест која сигурно го шокираше светот. Претставници на двете најголеми производители на мобилни телефони одржаа заедничка конференција, на која беше презентиран нов телефон кој е резултат на соработката помеѓу двете компании…

Според Jony Ive, креативен директор на Apple, соработката трае веќе подолго време:

„Првичните разговори почнаа во 2013-та година, а поконректна соработка започнавме кон почетокот на минатата година. Сето ова се одвиваше во тајност, а останатите членови на тимот продолжија со работа на телефоните кои сега се iPhone 6 и Galaxy S6.“

Hyun Kwon, извршен директор на Samsung, вели дека постојат неколку причини за оваа соработка:

„Пред се, тука е огромната конкуренција од LG, Xiaomi, Sony и HTC, кои постојано пробуваат да ги копираат нашите уреди, но по пониски цени. Заедно со Apple, сакаме да претставиме нешто што е свелосни години пред другите!“

Спецификациите се и повеќе од импресивни – новиот Galaxy iPhone поседува 5,2 инчен екран на допир со неверојатна 4K резолуција (двапати поголема од сегашните најдобри екрани), како и репродукција на бои до 64-бита (најдобрите телевизори на пазарот сеуште се мачат со 10-битна репродукција).

Камерата на задната страна е со вграден ксенон блиц и поседува резолуција од импресивни 32 мегапиксели, како и дигитална и оптичка стабилизација на сликата, посебен процесор за HDR фотографии и посебен процесор за 4K видеа. Од Apple ветуваат дека набрзо ќе добиете апдејт на софтверот и за снимање на 8K видеа.

Предната камера е со резолуција од 8 мегапиксели (сегашната на iPhone 6) и широко-аголна леќа (превземена од Galaxy Note 4).

Во внатрешноста добиваме наместо еден, дури два посебни процесори – тука е A10 чипсетот на Apple, кој примарно ќе се користи за гејминг со својот octa-core графички процесор, додека пак Exynos 8580 процесорот на Samsung е со 128-битна архитектура, 16 јадра и брзини до 3GHz. Додадете на ова 6GB LPDDR5 RAM и го добивате најмоќниот телефон на планетата.

Новитет е ретина скенерот на предната страна на екранот, кој функционира во сите услови на осветлување. Дополнителна заштита е скенерот на отпечатоци вграден во Home копчето.

Телефонот поседува IP68 сертификат, односно е отпорен на вода, прашина и падови. Samsung и Apple не специфицираа како е ова постигнато, бидејќи телефонот има приклучоци за полнач и слушалки, на што само одговорија дека е „деловна тајна“.

Куќиштето на телефонот е изработено од сафир, додека пак рамката е изработена од титаниум. Компаниите ветија дека наскоро ќе објават тестови на издржливост, каде што телефонот паѓа од висини до 5 метри и сепак може да остане без гребаници.

Новиот Galaxy iPhone ќе се најде во продажба идниот месец, а основната верзија (32GB меморија) ќе чини околу 700 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag