
Секогаш се плашев од првиот секс. Затоа одлучив: ќе најдам некој искусен тип, кој знае што прави, а не некое дете кои сега почнува да се учи со љубовни вештини. Бев доволно самоуверена (града јака „четворка“, нозе до грло, убаво лице). Но кога се ќе се собере и одземе, бев само глупава девојка. И не планирав да ја изгубам невиноста со оженет човек, татко на две деца. А посебно не сакав лудо да се заљубам.
Се запознавме во еден кафич и иако беше дупло постар од мене, изгледаше феноменално за своите години. Беше имотен. Не се сметам себе за спонзоруша, но кој вели дека не сака да се провози во ново ауди, тогаш лаже. Што се однесува до мене, тоа беше љубов на прв поглед и немаше врска со неговата имотна состојба.
Тој човек зрачеше со неверојатна харизма и едноставо ме привлече. После месец дена гледање ми призна дека е оженет, но мене тоа не ми беше важно. Ми беше важен само моментот кога повторно ќе го видам и прегрнам.
Се гледавме кога тој ќе посака (и може, од сопругата и децата), обично во некој хотел. Првиот пат ми беше прекрасен и токму онака како што го замислував: со долга, нежна предигра. Кога влезе во мене, болката траеше секунда, а задоволството после тој час. Сексот беше совршен и јас и со телото и душата станав негова.
Нашата тајна врска траеше шест месеци, а јас станав се поопсесивна. Не барав од него да го напушти семејството, не сум толку глупава. Поради мене, девојка од 18 години, која уште не знае кој факултет да запише? Свашта. Само барав да поминува повеќе време со мене.
Но, не очекував дека еден ден едноставно ќе престане. Се видовме во кафичот во кој се запознавме и тој ми рече дека неговата сопруг почнала да се сомнева дека сме во врска. Ми рече дека ме обожава и дека секогаш ќе ме сака, но не би можел да поднесе повеќе да не ги види своите деца.
– Не ми се јавувај повеќе. Те сакам- беше последно што ми кажа пред да ја облече јакната и да излезе надвор.
Прво не чувствував што навистина ми се случува. Си реков себе дека баш ми е гајле и дека не ми треба тој старец. Кога стигнав дома, легнав во кревет. И не станував два дена. Мајка ми ми носеше храна во собата, а јас плачев и ден и ноќ.
Поминаа две години од тогаш. Дури сега почнав да се опоравувам. Студирам и си најдов момче на свои години. Велат се е лесно кога си млад. Но, за опоравување од некои работи треба време, колку и да си стар.