
Уште еднаш Трајче Ѓеоргиев го воодушеви жирито во натпреварот „Пинковите ѕвездички“.
Тринаесетгодишниот струмичанец Трајче Ѓеоргиев продолжува понатаму со натпреварувањето во детскиот натпревар за таленти „Пинкови ѕвездички“. Во 30-тата емисија од шоуто, Трајче настапи со „Тажна љубов, среќна песна“ од Тамара Тодевска.
Струмичанецот, кој е миленик не само на публиката, туку и на жирито, повторно доби пофалби за настапот.
– Ти имаш еден совршен, прекрасен и широк глас, искоментира Хари Мата Хари.