
Бизнис психологот Дејвид Тејлор им предложи на вработените во една маркетинг агенција да пробаат да направат “акција” под името “Гол петок” што ќе ја размрда динамичноста на работата и ќе го подобри тимскиот дух внатрешно. Со соблекувањето на облеката вработените може да станат поблиски и ќе разговараат за идеите и ставовите многу поискрено и поодговорно.
– Ова е најекстремната техника која до сега сум ја пробал за зголемување на продуктивноста на вработените во фирмите. Клучна е довербата која што ќе ја имаат еден кон друг, изјави Дејвид Тејлор.
Сејм Џексон која што е главен менаџер на компанијата објасни дека таа се соблекла прва со цел да даде пример и да ги охрабри останатите колеги.
– Беше брилијантно, сега меѓу нас веќе нема никаква бариера.
Вработените кои беа дел од овој експеримент со голема цел рекоа дека имало притисок на почеток, посебно до моментот кога треба да се прошетате пред колегите целосно голи, но потоа се опуштиле сите и внеле дополнителна позитивна енергија.
Бизнис психологот Тејлор изјави дека е горд за успешноста на оваа идеја и истите може да се обидете да ги примените. Значи на работа – сите голи !





