
Зајачица во пензија, која сакала да остане анонимна, искрено проговорила за своето искуство.
Дефинитивно најконтроверзната идеја на 20-тиот век е Playboy, и тоа во сите нејзини облици, почнувајќи од списанијата, преку вилите, до нивните клубови и ријалити шоу емисии.
Во внатрешноста на Playboy владее хиераргија во која Хју Хефнер уште одамна поставил правила од кои нема отстапување. Што и да прават во текот на денот, зајачиците се должни да бидат во домот во точно 21 часот, без отстапување, а посетите на познаниците се строго забранети.
Неколку минути пред почетокот на смената, “мајките” зајачици би ги прегледале, па ако некоја од нив не би била на висина на задачата и ако нивниот изглед не ги исполнувал критериумите, тие морале да ги исправат пропустите колку што е можно побрзо. За секоја изгубена минута во корегирање на изгледот им се одбивало од платата.

На крајот на месецот, од вкупната сума на бакшишот се одзимал придонесот со кој се плаќале даноците. Од сумата која преостанувала им се разделувал бакшишот на сите зајачици, па дури и на оние кои никогаш не го заработиле.Откако ќе завршеле со своите работни ангажмани, во раните утрински часови, зајачиците кои немале сопствен превоз, ризикувале да бидат физички нападнати додека го чекале првиот утрински превоз.
За своето искуство во Playboy вилата проговори отворено и една од миленичките на Хју Хефнер, Холи Медисон.
