Жирито на „Ѕвездите на Гранд“ и рекле: Најдобро пееш, но не си доволно атрактивна!

popara6 април, 20151min00
Жирито на „Ѕвездите на Гранд“ и рекло: Најдобро пееш, но не си доволно атрактивна!

Жестока борба беше и оваа сабота во „Ѕвездите на Гранд“, кои уште еднаш оправдале што со месеци се на првата позиција по гледаност.

Сепак, гледачите не се секогаш задоволни со одлуката на жирито, па после исфрлањето на Лејла Ќаушевиќ од натпреварот, под видеото на Јутјуб се појавиле неколку коментари во кои се осудува постапката на жирито. Имено, Ана Бекута и поголемиот дел од жирито отворено и рекле на Лејла дека не е „доволно атрактивна“ за да помине понатаму, алудирајќи на тоа дека една Ѕвезда на Гранд треба да има мешавина од повеќе „квалитети“. Бекута дури додала дека Лејла подобро пеела од другите две натпреварувачки, но дека тоа не било доволно за да помине понатаму.

https://www.youtube.com/watch?v=uq9p6X82A6Q