Иако често разговараме за времето и ја следиме временската прогноза,сепак истражувањата покажуваат дека и не се грижиме до толку за времето. Барем не толку колку што мислиме.
Без разлика дали грее сонце или паѓа дожд, со или без ветер, во текот на работните денови всушност никој не размислува за времето.
Доктор Франк Буш, од Универизтетот „Вестминстер“ спровел истражување кое се темели врз податоците од временски интервал од 17 години, а вклучува околу 10 000 луѓе.
Д-р Буш вели: „Верувањето дека убавото време го подобрува расположението не е заклучок кој може да се изведе од моето истражување. Британците секојдневно доживуваат големи временски промени, но порастот и падот на температурата не влијаат врз нивното расположение.“
УБАВИОТ ДЕН МОЖЕ ДА НИ ГО ПОПРАВИ РАСПОЛОЖЕНИЕТО
Всушност, на луѓето може да им се расипе расположението доколку убавиот ден мораат да го поминат во канцеларија или на работа. Доктор Буш пресметал дека 10 часа убаво време може да го расипе расположението за само 1%.
ВРЕМЕТО МИНИМАЛНО ВЛИЈАЕ ВРЗ НАШЕТО РАСПОЛОЖЕНИЕ
Податоците кои биле презентирани на конференцијата на Кралското економско здружение, го срушија втемелиот став дека лошото време негативно влијае врз нашето расположение.
Анализата покажала дека луѓето почесто се нервозни кога времето е сончево бидејќи убавиот ден мораат да го поминат во канцеларија или на друго работно место. Сепак, и тоа влијание е толку мало што е занемарливо.