Дениел Џоузи Дејвис била во брак со Мет само седум месеци, кога нејзиниот сопруг по тешката сообраќајна несреќа завршил во кома и на апарати за одржување на животот.
Лекарите ја советувале да се согласи на исклучување на апартите и да го пушти да почине затоа што можноста дека никогаш нема да се разбуди била 90 отсто. Таа го одбила тоа и еден ден Мет се разбудил од кома.
– Дефинитивно ми е мило што сум во брак со неа, изјави Мет за Еј-Би-Си, иако не се сеќава на неговата сопруга од пред несреќата што се случила во 2010 година.
Кога се случила несреќата, Дениел имала 24 година, а Мет – 23.
– Неговиот татко почина пред несреќата, а мајка му беше премногу болна да се грижи за него, изјави Дениел.
Таа се изборила да го оддржи во живот, а потоа се грижела за негово заздравување и некое време се преселиле во куќата на нејзината мајка.
Наскоро Мет почнал да ги следи со очите, а потоа и да комуницира. Три месеци по будењето успеал во рацете да држи мал предмет, а моментот кога Дениел сфатила дека нејзинот сопруг се уште е човекот за која се омажила, се случи кога тој побарал да јаде тоа што најмногу го сакал пред несреќата. Тоа го кажал со шепотење, но таа знаела што сака.