Болничкиот персонал во кинескиот град Чангши неодамна го разоткрил вистинското лице на локалниот Казанова така што ги известил неговите блиски за тоа дека е повреден во сообраќајна несреќа. На посета му дошле дури 17 девојки избезумени од грижа.
Секако, сите тие девојки немале појма дека не му се единствени, па дури и онаа со која поминал цели девет години, откриваат тамошните медиуми.
Некои од нив пред камерите признале дека финансиски го спонзорирале или дека со него планирале венчавка, а се чини дека меѓу нив најлошо поминала несреќничката на која и` направил дете.
„Силно плачев кога слушнав дека настрада. Но, кога стигнав во болница и ги видов сите тие убавици како се редат пред собата, солзите ми пресушија“, рекла една девојка.
Момчето, кое медиумите го претставија како Јуан, во болница стигнало со повреди кои не се опасни по живот.