Зарем веруваш дека неговите пари ќе те направат среќна?

popara4 јули, 20151min00
11

Секоја девојка посакува да живее во бајка, но за разлика од цртаните филмови животот во реалноста е многу поинаков и треба многу повеќе од само пари за гордо да си ја носите насмевката на лицето…

Зошто жените мислат дека парите на нивниот партнер се и нивни? Навистина е убаво да имате некој кој сака да ве разгали, но каде е тука љубовта?

И уште поважно, каде исчезна идеологијата за независни жени? Се чувствувам како повеќе да не ни е важна независноста и тоа навистина ме прави тажна. Низ животот научив дека ништо не е бесплатно. Ако некој ти даде нешто, тогаш истиот очекува нешто за возврат.

Денес како да е најважно кој каков автомобил вози и што може таа личност да направи за нашиот живот да биде подобар. Ајде за промена обидете се сами да направите нешто за вашиот живот да биде подобар:

Сакате пари? Вработете се. Сакате автомобил? Заштедете. Сакате љубов? Заслужете ја.

Наместо да барате некој кој целиот свој живот би се грижел за вас, започнете да си обрнувате повеќе внимание на себе и на својата личност.

Кога ќе научите да се грижите сами за себе и кога вашите пари ќе бидат единствено ваши, тогаш ќе бидете сигурни дека тоа никој нема да може да ви го одземе.

Само на тој начин, наутро ќе се будите со насмевка на лицето знаејќи колку вредите. 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag