Реге-ска групата АманЗаман од Србија ќе оддржи промотивен концерт на 25-ти април во клубот „Блок 20“ во Скопје.
Иако бендот е многу популарен меѓу македонската младина, ова е нивен прв настап во Македонија, па затоа и најавуваат целовечерен спектакл.
Нивните гостувања на музичките фестивали се секогаш во знакот на позитивната енергија, музичката виртуозност и инспиративната атмосфера, по што се и познати во регионов и пошироко. 🙂
АманЗаман во Скопје ќе го промовираат ЕП-то „Ноќ“. Бендот постои од
2008 година, а нивниот прв албум „Само нека гори“ (објавен во 2012-та) се уште се слуша „на големо“. Имаат неколку видео записи од кои најпознати се „Само нека гори“ и „Дувај га“, а деновиве го објавија и најновиот спот за песната „Трип“.
Локална подршка се диџеј Чарли, бендот „Коноп“ со специјалниот гостин Амон Мра, Мемба Квин Мел, Жолти Ман и Мастрафизам Кру, кои се и организатори на настанот.