Уништени преку 230 луксузни автомобили!

popara9 април, 20151min00
Уништени преку 230 луксузни автомобили!

Креаторите на филмот „Пеколни улици 7“ уништиле повеќе од 230 автомобили за време на снимањето на седмиот дел од тркачката франшиза, пренесе „Вол Стрит Журнал“.

Околу 30 возила, вклучувајќи и неколку црни Мерцедеси, Форд Кроун Викторија и Митсубуши Монтеро биле испратени на отпад.

Креаторите на филмот инсистирале автомобилите да бидат растурени, како би спречиле некој да ги поправи и да се повреди во оштетените автомобили користени во филмот.

Сопственикот на отпадот каде биле однесени автомобилите рекол дека му било необично да гледа како некои нови Мерцедеси се растурени без причина, бидејќи биле речиси недопрени.