Најмоќните маски против акни можете да ги добиете од кромид и овес. Тие маски се добри за итни случаи, т.е. кога состојбата со акните е застрашувачка. Се пасира кромид со варен овес и таа смеса се става на исчистено лице, стои 20-ина минути и се мие со млака вода.
Најважно пред нанесување на секоја маска е лицето да биде темелно исчистено затоа што е многу лошо кога микроорганизмите ги ставаме во затворен простор со кожата. Тогаш постои можност проблемот да се влоши и да направиме поголема штета одошто корист.