Општо е познато дека при миење на косата прво нанесуваме шампон, па регенератор. Сепак, Алисон Фрир од Тексас во својата книга „XO Jane“ објаснува зошто е подобро косата да се мие по обратниот редослед.
Како што кажува, оваа техника се покажала многу успешна со оглед на тоа што после миење вашата коса е сјајна и бујна. Регуларната техника на миење на косата прави косата да се замасти после само еден ден, додека краевите остануваат суви.
Така, ако нанесете регенератор и го оставите неколку минути, па дури потоа нанесете шампон, вашата коса ќе биде бујна и помалку ќе се замастува до следното миење.
„Оваа техника ја користам недела дена и мојата коса веќе делува поубаво“, е еден од коментарите, додека уште една блогерка се надоврза коментирајќи дека таа ја применува оваа техника со години.
Алисон исто така даде уште еден значаен совет: пред регенераторот слободно нанесете и масло на косата.
Додека многу луѓе споделуваат позитивно искуство со миење на косата по обратен редослед, други советуваат дека тоа е делотворно само за нормална и масна коса, додека за сувата коса одговара старата вообичаена техника за миење на косата.