Најважниот витамин за жената за кој речиси никој не слушнал

popara14 јуни, 20151min00
8

Недостатокот на витаминот K2 во организмот има за последица крути, нееластични артерии и порозни коски, подложни на кршење. Затоа витаминот К2 е неоходен во процесите на вградувањето на калциумот во коските.

Храна богата со К2

Остеопорозата е метаболно заболување на коскениот систем, чија основна карактеристика е намалување на коскената маса по единица волумен и структурни нарушувања во самото коскено ткиво. Тоа доведува до постепено намалување на еластичноста на коските и до појава на скршеници, посебно во пределот на бутот и зглобовите. Овие скршеници се јавуваат и при мал физички напор или повреда.

Во потешките форми на остеопороза може да дојде и до искривување на ‘рбетот. При остеопорозата постои зголемена порозност на коските.

Шансите за појава на остеопороза се поголеми кај жените во однос на мажите. Тоа е затоа што жените имаат помалку коскено ткиво и побрзо го губат од мажите, пред се поради хормонските промени кои се случуваат со менопаузата. Со самото старење се зголемува ризикот од остеопороза. Така коските со тек на време стануваат потенки и послаби. Ова важи и за двата пола.

Остеопорозата често е нарекувана „тивка болест“ бидејќи губењето на коскена маса се случува без никакви симптоми. Луѓето најчесто не знаат дека имаат остеопороза, сè додека нивните коски не станат толку слаби да при движење или изненаден мал пад не се скршат. Најчесто се јавуваат скршеници на колкот и колапс на телото на прешленот од `рбетниот столб.

Скршеницата на коската се јавува како последица на слаби механички удари, па дури може да се јави и при нагло движење. Ова е пропратено со чувство на јака коскена болка, поради која и пациентите се јавуваат на лекар.

Повеќето стручњаци им советуваат на жените во менопауза редовно да ја мерат густината на коските и да земаат суплементи, но исклучиво под контрола на лекар. Не можете да отидете во аптека, да купите калциум и витамин Д3 и да ги пиете на своја рака, бидејќи последиците се несогледливи. Најновите истражувања, спроведени на 1 500 жени постари од 55 години, докажале дека препаратите на калциум, кои жените ги земаат како додаток на терапијата на остеопорозата можат да го зголемат ризикот за настанување на инфаркт на срцето за 50%.

Калциум парадокс

Според зборовите на лекарите, препаратите на калциумот и понатаму се задолжителен додаток на терапијата на остеопорозата, како и витаминот Д3, бидејќи тој ја потпомага ресорпцијата на калциумот.

Сè до неодамна се сметало дека калциумот и витаминот Д3 се доволни за превенција и лекување на остеопорозата. Но, новите истражувања го покажале спротивното. По навлегувањето во крвта, калциумот со циркулацијата доаѓа до коските, а за да тие му ја отворат „вратата“, неопходно е потремен и витамин К2. Во отсуство на витамин K2, калциумот нема да се вгради во коските во потребната количина, па колку и да се зема калциум. Оваа појава се вика „калицум парадокс“, а последица од оваа појава се нееластични крвни садови, кои се склони кон прскање и порозни коски, кои се склони кон кршење.

Стручњаците ова не ги изненадува, бидејќи клиничките студии со години наназад укажуваа дека отпималното делување на калицумот на коските не се постигнува ни тогаш кога овој минерал се внесува во доволни количини. Со земањето на витаминот Д3 се зголемува апсорпцијата на внесениот калциум, но не и неговото искористување.

Калциумот, кој не се вградил во коските, се таложи најмногу во артериите, каде што создава калцифицирани наслаги. Поради тие наслаги, крвните садови на срцето ја губат еластичноста и со време пропаѓаат. Така се зголемува ризикот за појава на кардиоваскуларни заболувања и инфаркт на срцето.

Со таложењето на калциумот, меките ткива и рскавиците калцифицираат, а во бубрезите и во дојките доаѓа до оштеување на ткивото, до старење и изумирање на клетките.

Инаку, витаминот К, кој уште се нарекува и антихеморагичен витамин и фактор на долговечноста, постои во две форми.

Првата форма е витаминот K1 кои влијае на згрутчувањето на крвта. Организмот неможе да го произведе витаминот K1 ниту во една форма. Тој го добива преку намирниците како што се зелка, карфиол, кељ, прокељ, спанаќ, коприва, домат, грашок, соја, морков, растителни масла, рибино масло, млеко, сирење, жолчка од јајце.

Недостаокот на витаминот K1 има за последица пад на протромбинот во крвта, со што настанува пореметување на зрутчувањето на крвта и крварење.

Другата форма е витаминот K2 кој е важен за метаболизмот на калициумот.

K2 – за подобар транспорт

На кој начин витаминот K2 ја одржува цврстината на коските и ги штити крвните садови?

Како еден од есенцијалните фактори во коскениот метаболизам, витаминот K2 има способност да го активира остеокалцинот, протеин кој го транспортира калциумот и го вградува во коските. K2 витаминот го поттикнува и матрикс-гла протеиннот, кој како сунѓер го впива вишокот на калциумот во циркулацијата и го елиминира од организмот. Во оваа врзана форма, калциумот не се таложи во бубрезите. Ако овие витамини не се „потпомогнати“ од витаминот K2, тие нема да го врзуваат калциумот и нема да го транспортираат.

Дневните потреби за витаминот изнесуваат 45 микрограми. Витаминот K2 го содржат холанските сирења: гауда и едамер, а го има и во препарати од ферментирана соја.

Најголеми произведувачи на витаминот K2 се некои соеви на ешерикија коли, кои природно се наоѓаат во нашите црева.Овие бактерии можат да го произведат витаминот K2 во количина доволна за еден месец. Па сепак, во многу случаи на остеопороза, откриен е дефицит на витамин K2.

Како е тоа можно кога веќе имаме сопствен „произведувач„ на витаминот K2?

Причина за недостаток на витамин K2 во организмт може да биде земањето на антибиотици, на нестероидни антивоспалителни лекови (салицилати и други), или исхрана со намирници кои природно содржат големи количини на салицилати.

Одредени заболувања, како колит (хронично воспаление на дебелото црево), инфекција со кандида, Кронова болест, поблаги и потешки форми на целијакија, можат да доведат до дефицит или пореметен метаболизам на калциум.

Лекарите нагласуваат дека природниот витамин K2 е неопходен во превенцијата и лекувањето на остеопорозата, бидејќи може да го отстрани калциумот од атеросклеротичните наслаги, и со тоа до го олесни нивното лекување

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma