Тринаесет годишен ученик земал од дедо си 25.000 долари и потоа им раздавал банкноти од по 100 долари на своите соученици, соопшти полицијата во Охајо.
Момчето оваа недела поделило илјадници долари, пред училишното раководство да разбере што се случува.
Истражните власти во градот Медина досега ја откриле трагата на 7.000 долари, а полицијата се уште се обидува да утврди како момчето ги земало парите од својот 83-годишен дедо.