Француските истражни тела кои водат паралелна истрага за случајот кој ја вознемири балканската јавност, односно за тројцата киднапери од Франција кои ја грабнаа малата Маша дошле до сознание дека девојчето требало да биде продадено на криминална група која е инволвирана во трговија со органи.
Француската полиција детално го истражила случајот и објави дека сведоштвата на тројцата киднапери паѓаат во вода, бидејќи според новите сознанија тие сакале да го продадат девојчето. Впрочем, тие тврдеа дека девојчето случајно го нашле додека шетале низ Белград, а според новите сознанија нивното тврдење не е точно. Напротив, тие ја нашле Маша на социјалните мрежи.
Истражните тела во потполност ги анализирале сите движења на киднаперите од моментот кога влегле во Романија па се до Србија. Тие најпрвин биле во Панчево, па отишле во трговскиот центар. Но бидејќи не им успеал планот заминале за Белград. Лутајќи низ белградските улици, киднаперите завршиле во населбата Браќа Јерковиќ каде и се случило киндапирањето.
Иако тие првично тврдеа дека не сакале да ја поврадат малата Маша и дека ќе ја врателе во Србија, сепак овите сознанија на полицијата индицираат на застрашувачки епилог.
Инаку, поради брзата интревенција на полицијата поточно за пет минути беа блокирани сите излези на Белград ( вкупно 20) и беа поставени полициски пунктови, но и деталниот опис на мајката како изгледаат киднаперите се клучните причини зошто беше најдена малата Маша за многу кратко време. Ова секаде може да се случи, затоа треба да бидеме потготвени сите.