Погреб наместо со солзи, одбележан со стриптизерки – Желба на сопругот

popara15 април, 20151min00
Погреб наместо со солзи, одбележан со стриптизерки – Желба на сопругот

Погребите секогаш се проследени со солзи, изјави на сочувство и последни поздрави, но не било така  на погребот на еден Тајванец на чие последно испраќање сопругата  му довела стриптизети.
Неговото семејство и пријателите останале во шок кога во капелата се појавиле две згодни стриптизети кои одиграле заводнички танц околу мртовечкиот сандак.

Непристојно облечените девојки со покојникот се поздравиле на многу необичен начин, прескокнувајќи го сандакот додека танцувале.

Сопругата на покојникот за медиумите изјавила дека нејзиниот сопруг сакал да гледа убави жени, па затоа решила да му приреди вакво збогување.

Пријателите на покојникот дури ги фотографирале стриптизетите како танцуваат околу сандакот на нивниот покоен пријател и го коментирале изгледот на девојките.

Инаку обичајот стриптизети да танцуваат на погреби не е реткост  во Тајван, пишува британски „Дејли меил“. Локалните  мафијаши уште од 1980 година, кога влегле во бизнисот со погребите, на своите клиенти им нуделе стриптизети да им танцуваат на погребот.

https://www.youtube.com/watch?v=G6m0ih7Atno

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag