Дениел и Адам Бисби од САД се горди родители на пет девојчиња, кои со царски рез биле родени пред неколку дена. Ова е првата петорка девојчиња од 1969-тата година во целиот свет, а прва општо во САД.
Гордата мајка успеала да ги роди за само четири минути, благодарение на тимот од 12 лекари во Тексас, пишува Daily mail.
“Многу сме среќни, а нашите девојчиња се чудо. Кога одлучивме да основаме семејство, не можевме ни да замислиме дека Бог планирал вакво нешто за нас”, изјавиле пресреќните родители.
Парот веќе ја има 3-годишната ќерка Блејк, а двете бремености настанале по вештачки пат. Овие пет девојки решиле да ги крстат Оливија Марија, Ева Лејн, Хејзел Грејс, Паркер Кејт и Рајли Пејџ.
Најважно од сè е дека прогнозите за бебињата се одлични и дека бременоста била уредна. Тие имаа тежина која одговара и родени се во 28-та недела.
“Добро напредуваат и сега имаат помош само при дишењето”, рекол докторот Александар Ретер.
“Кога ќе пораснат, секоја ќе биде по нешто посебна”, изјавиле родителите, и додале дека од сега ќе мора да променат многу работи во животот.