Емотивно – Она што и посака сопругот на Жизел ќе допре до секоја жена

popara17 април, 20151min00
9

На 34 години, прекрасната Жизел Бундшен во нејзиниот роден Бразил се збогува со неверојатната и успешна интернационална кариера како модел.

Вчеравечер, во рамки на Модната недела во Сао Паоло, таа за последен пат се појави на пистата на ревијата на брендот Колчи облечена во неколку прекрасни пролетни креации.

Со нејзиниот сопруг Том Брејди и семејството во првите редови, таа го имаше нејзиното последно појавување на модните писти од кои се збогува по цели 20 години кариера.

Во неколку интервјуа што таа ги даде за реномирано светски магазини по повод завршувањето на нејзината кариера, посочи дека сега е вистинското време целосно да му се посвети на семејството, но и да почне да се занимава со некоја друга професија во модната индустрија.

Неверојатна поддршка за нејзиното последно појавување на пистата, таа имаше и од нејзиниот сопруг кој напиша вистински трогателен статус на социјалните мрежи.

„Честитки до љубовта на мојот живот, таа ме инспирира секој ден да бидам подобар човек. Многу сум горд на тебе и на сѐ што постигна досега. Никогаш не сум сретнал човек кој толку сака да успее, кој толку се труди и е одлучен да ја премине секоја пречка што ќе му се појави на патот. Никогаш не престана да ме воодушевуваш. Никој не го сака животот повеќе од тебе и морам да кажам дека твојата убавина е многу подлабока од она што луѓето можат да го видат. Едвај чекам да видам што си наумила следно. Те сакам“, напиша нејзиниот сопруг.

На крајот на ревијата Жизел се појави за последен пат во друштво со уште неколку други прекрасни манекенки со кои заедно им се поклонија на присутните.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag