
Хрватскиот пејач Тони Цетински си ја отвори душата за тамошните медиуми и открил дека почетоците воопшто не му биле лесни, туку спиел во претесен стан, во вреќи за спиење, а се хранел на улица.
Првиот албум го издаде во 1988 под името „ Срце никогаш не лаже“, по објавувањето на тој албум Тони се сели од Ровин во Загреб, каде живее во ненаместен стан од 30 квадрати.
– Спиев на под во вреќа за спиење, потоа купив некој тросед на расклопување и плакар, но ништо друго немаше во станот. Ни телевизор ни кујна… ма, ништо. Воглавно живеев и се хранев на улица, а во станот одев само за туширање и за спиење, раскажува Тони.
Целта на оваа исповед е да ги демантира шпекулациите дека да не биле неговите родители немало да направи ништо во животот, но по овие зборови се гледа дека на Тони воопшто и не му било лесно.
Тој не крие дека неговите родители се познати
– Предноста е само во тоа што моите родители знаат добро во што влегувам и го ценат мојот избор. Но, уличиштето секогаш ми беше на прво место па веднаш се школував како музичар и како хотелјерски- туристички работник. Но се секавам на шпчетокот и вежбањата по гаражите, како и на првите снимени песни на касетофон. Се сеќавам кога за рпв пат ми беше објавена песна на радио Пула. Се чувствував како да сум добил Греми награди, рекол Тони