Одвратна убавица: Погледнете како во една минута може да си ја уништите кариерата

popara20 април, 20151min00
13

Брит МекХенри, поранешна репортерка на ABC 7, и сегашна новинарка во ESPN, е уловена во срамно видео кое значително ја уништи нејзината репутација. Имено, откако пајак го собрал нејзиното погрешно паркирано возило, Брит одлучила својот гнев и фрустрации во целост да ги истури на вработената на шалтерот.

Така, во само 60 секунди, таа успеала да и упати еден куп навреди на сметка на нејзината работа (која е очигледно понеугледна од онаа на Брит), нејзиното ниво на образование, како и физичкиот изглед (забите и тежината). Сето ова беше уловено на видео (за кое беше и предупредена), и објавено во јавноста.

„Мене ме има на вести душо, е*бено ќе го тужам ова место; Јас имам диплома, а ти не; Не би работела на ова одвратно место никогаш, ме лазат морници само што во моментов сум тука; Немаш ниту едукација, ниту вештини; Јас имам мозок, а ти не; Можеби ако ми фалеа заби, ќе ме вработеа и мене тука, нели? Зошто твоите се прекрасни; Ослаби душо…“ се дел од речениците кои гневната новинарка и ги упати на вработената.

Откако видеото од настанот се рашири вирално, телевизијата ESPN ја суспендираше новинарката од работа.

https://www.youtube.com/watch?v=wPMvP1-vVP8

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma