Водителот и актер Александар Радојчиќ со својата сурово искрена изјава ја навреди фолк дивата.
Пред неколку дена актерот и водител на новата сезона на X фактор Адриа, Александар Радојчиќ беше дел од фотосесија за еден магазин и позираше заедно со Светлана Цеца Ражнатовиќ и Наташа Беквалац. Но неколку дена подоцна тој жестоко ги навреди пејачките кога изјави дека за него тоа не претставувало никаква чест.
На ова Наташа Беквалац само рамнодушно му возврати „Слушам на некои не им било чест. Мене ми беше голема чест и задоволство“, но Цеца толку се налути што на социјалните мрежи објави фотографија од фотосесијата на која на местото на Александар стои нејзиниот пријател Милош Надаждин.
Поради целиот заплет на ситуацијата, Александар ја појасни изјавата која ја даде пред неколку дена:
„Поентата е што не сакам да зборувам за работи и луѓе кои не ги знам. Ги почитувам Цеца и Наташа затоа што се дами, но разликата е во тоа што е чест, а што е задоволство. Тие се професионалци во својата работа и затоа и се наоѓаат на таа насловна страница. Не го пратам премногу тој вид на музика, ги почитувам затоа што се успешни во својата работа и има многу луѓе што ги слушаат. Не ја следам ни нивната работа и не можам да кажам дека ми е чест како што би ми било да глумам со некој актер на кого сум му се воодушевувал целиот живот.“