
Американските власти распишаа оглас за работници во градот Гарнет кој е напуштен речиси 100 години.
Гарнет, мало градче во Монтана, кое инаку е познато по рудникот за злато, 1860. година го населуваа рудари, но по големиот пожар кој избил 1912. година сите го напуштиле ова место.
Денес градот е реставриран, меѓутоа останува ненаселен, а урбаните легенди велат дека го опседнуваат духови од претходните жители.
Сега американскиот Завод за управување со земјиште нуди бесплатна храна, сместување и работа за луѓето кои се подготвени да живеат во Гарнет и да работат како туристички оператори, бидејќи властите сакаат ова градче да го претворат во туристичка атракција.
Кога огласите биле објавени во локалните медиуми, никој не можел да насети каква ќе биде реакцијата на јавноста.
Откако приказната се раширила на социјалните медиуми, Заводот бил затрупан со повици и мејлови. Интересно е што за оваа работа се јавиле повеќе луѓе од светот, отколку локалци. Кандидати се јавувале од Кина, Германија, па дури и од Јужноафриканската република.
https://www.youtube.com/watch?v=y9vIXk1c6DE