Дознајте на кој хороскопски знак сте слаби и барем еднаш во животот ќе го имате за партнер

popara30 август, 20151min00
10

Во Зодијакот постојат повеќе љубовни комбинации кои се олицетворение на страст и големи емоции, па токму таквите привлечности се неизбежни.

Дознајте на кој хороскопски знак сте слаби и барем еднаш во животот ќе го имате за партнер.

1. Овен и Вага

Веќе при првото среќавање на овие знаци се појавуваат искри. Енергијата и сексуалноста на Овенот и шармот и префинетоста на Вагата создаваат силна хемија. Оваа љубовна врска е голем предизвик за двете страни, па тешко дека ќе одолеат да не се пробаат како пар.

Проблемите во односот може да настанат кога пристојното однесување и начин на живот на Вагата ќе започнат да го нервираат Овенот. Вагата од друга страна пак, ќе се обиде да го направи Овенот попристоен.

За врската да успее, потребно е овие два знаци својата природа да ја спојат во заеднички активности, наместо да се препираат.


2. Бик и Скорпија

Кога нежниот Бик ќе се отвори пред Скорпијата и во неа ја види страста која ја носи, доаѓа до огромна сексуална поврзаност. Кога ќе влезат во врска не можат да се заситат еден од друг, но кавгите се исто така неизбежни.

Бикот се изморува од темпото на Скорпијата, додека на Скорпијата и пречи пасивноста на Бикот.

Само ако страста од спалната соба може да се пренасочи кон заедничко дружење, работите може да се подобрат.


3. Близнаци и Стрелец

Привлечноста меѓу овие два знака не е само физичка, туку се одразува и на ментално ниво. Љубопитните Близнаци и Стрелците кои вечно филозофираат, ги обожаваат меѓусебните разговори.

Близнаците може да ги изнервира само ставот дека Стрелецот сè знае најдобро, додека Стрелецот може да му замери на партнерот за повремената незаинтересираност и склоноста кон озборување.

Решението е во заедничките патувања.

4. Рак и Јарец

Чувствителноста на Ракот и моќта на Јарецот претставуваат совршен спој.

Страста може да биде кратко попречена од емоциите на Ракот, а Јарецот повремено да го игнорира, додека на Јарецот може да му здодее неодлучноста и несамостојноста од другата страна.

Задолжително мора да се потсетуваат дека не се само партнери, туку и љубовници, ако сакаат да успеат.


5. Лав и Водолија

Кралот на светот не може да и одолее на слободната Водолија која го признава само својот авторитет. Бунтовничкиот дух е освежување за Лавот, додека за Водолиите најпривлечна е харизмата на Лавот.

Преголемата потреба за внимание на Лавот и противењето на Водолиите може да доведе до сериозни проблеми.

Спасот мора да го најдат во креветот, далеку од сите луѓе и познаници.


6. Девица и Риби

Девицата сака ред, а Рибите ги одбива рутината, па затоа ова е доволно спротивно за да се привлечат. Врската ја гледаат како единствен начин да си го променат животот, па Девицата обожава да ја научи Рибата на ред, додека Рибата ја учи Девицата како да се опушти.

Во одреден момент несериозноста на Рибите може да и попречи на Девицата, а потребата за контрола на Девицата да биде препрека за другата страна.

Подготвеноста на компромис може да ја спаси врската.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag