Сезонска работа во Финска – Берење јагоди! Информирајте се!

popara24 април, 20151min00
3

Сезоната на берење овошје и зеленчук во Финска е од јуни до септември, ретко до октомври. Во тоа време, таму може да се сретнат многу луѓе од разни краеви на светот, кои сакаат да заработата. На Финците, навикнати на висок стандард не им одговараат цените за работа, берење на јагоди, кои секоја година ги пропишува Финскиот сојуз за одгледувачи на бобинки, бидејќи тоа е тешка работа , во кое најмногу трпат колената и рамениците, па таа работа ја препуштаат на луѓето мод сиромашните земји, на кои таа цена им одговара…Она што многу не го знаат е тоа дека во Финска не се плаќа за час, ниту за ден за берење на јагоди, туку по килограм, бидејќи финците не плаќаат за неработа, туку вредните работници, значи платата зависи исклучиво од тоа колку сте вредни и од можностите на работникот.

Цената се движи околу 2,80 евра за 3 килограми јагоди. Просечно би можеле да наберете околу 60 килограми, што значи би заработиле 56 евра дневно, или 1680 евра месечно. Цените за берење малини се движи од 3 до 3,5 евра за килограм. Малините се полесни од јагодите, па треба повеќе работа за да наберете еден килограм.

Навистина може тоа да бидат убави пари, но размислете добро колку сте психички и физички подготвени на ова, бидјеќи работодавачите може и да ве отпуштат, ако не остварите минимум 7,32 евра по работен час или во превод, ако не наберете 8 км за час. На секој работодавач целта му е да останете, а не да ве отпушти, па затоа на почетокот ве подучуваат како да работите брзо и продуктивно.

На сезонска работа во Финска одат најмногу Украинци, Полјаци, Руси, Шпанци, Грци, Хрвати, Бугари и многу други, но меѓу нив има и Македонци. Наједноставниот начин да стигнете до Финска е со авион до Хелсинки, а потоа со воз до плантажата. Но битно е да напоменеме дека е важно да знаете англиски јазик пред се.

Ако сте заинтересирани за сезонската работа во оваа скандинавска земја можете да аплицирате на повеќе места на линковите кои ги има подолу.

http://www.anttilantila.fi/en/etusivu/

http://www.jarmovaltari.fi/suncitybakers/site/summerwork.php?lang=en

http://www.marjanviljelijat.fi/

Järvenkylän Mansikkafarmi, Järvenkyläntie 825, 21570 SAUVO, Finland Vlasnica Ingrida Alijosiute, +358 (0)50-5524733, ingrida.alijosiute@jarvenkyla.fi

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag