
Вулкан во Чиле еруптираше по 40 години и ги преплаши жителите, но и останатиот свет.

Вулканот Калбуко, беше мирен изминативе 40 години, кој воедно е еден од најопасните во Чиле, од вкупно 90 вулкани кои ги има во земјата.

Најмалку 1.500 луѓе биле приморани да ги напуштат своите домови и да се засолнат во блискиот град Енсенада, додека пак останатите градови во близината биле исто така евакуирани, поради безбедносни причини.







