Германија бара институционално решение на состојбите во Македонија

popara28 април, 20151min00
001

Германија бара институционално решение на состојбите во Македонија, ова е пораката по денешните средби на Вицепремиерот за европски интеграции Фатмир Бесими кој денеска во главниот град на Германија водеше билатерална разговори со неколку високи германски претставници во врска со македонските евроинтеграции и актуелната политичка криза во Македонија.

02 (1)

Една од главните теми на разговорите била  политичката ситуација во земјата но се разговарало и за меѓуетничките односи и безбедносната состојба со цел и насока што побрзо Македонија да ги надмине предизвиците во политичка смисла но и да се фокусира на европската агенда.

– Германија очекува политичкиот дијалог да покаже напредок, да има институционално решение на состојбата во земјата  но и пораките од советот на ЕУ да бидат сериозно адресирани од страна на носителите на политиките во Македонија, рече Бесими.

002

Според Вицепремиерот за европски интеграции Фатмир Бесими Македонија  од германските домаќини добила поддршка за европската перспектива и надминување на сите политички предизвици во земјата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma