Не, не е секси фустан, ниту длабоко деколте… Нешто сосема друго, драги дами, за мажите е неодоливо.
Француски научници спровеле истражување кое покажало дека мажите ќе ѝ посветат повеќе внимание на жена која носи високи потпетици, дека попрво би ѝ излегле во пресрет, отколку ако носи таканаречени рамни чевли.
Во текот на истражувањето на Универзитетот во Јужна Бретања, направени биле четири експерименти. Во првиот, во кој учествувале 90 мажи, биле анализирани нивните одговори откако 19-годишна девојка со високи потпетици, а потоа во чевли без штикли, ги замолила да потполнат анкета за еднаквост на половите.
Во вториот експеримент учествувале 180 жени и 180 мажи. Четири жени, во високи потпетици или во рамни чевли, од учесниците во истражувањето барале да одговорат на прашања за нивните прехрамбени навики.
Во третиот експеримент, била проучувана подготвеноста на 180 мажи и исто толку жени да ѝ помогнат на жена која случајно испуштила ракавица на подот. И овој пат жената била во високи потпетици, а потоа во рамни чевли.
Последниот експеримент бил спроведен во бар каде што било следено однесувањето на 36 момчиња кон жените во високи потпетици и кон оние кои носеле рамни чевли.
Резултатите од првите три експерименти, покажале дека мажите биле поподготвени да ѝ помогнат на жената кога носела високи потпетици, отколку кога била во рамни чевли, а четвртиот покажал дека мажите во барот побрзо им пристапуваат на жените облечени во високи потпетици.
Психолозите велат дека причината е таа што жените во чевли со високи потпетици одат поженствено, а нишањето со колковите е поизразено. Чевлите со високи потпетици го истакнуваат она поради кое женското одење е специфично. Ги нагласуваат сексуалноста и женственоста на фигурата, што поттикнува сексуално возбудување кај мажите