Трогатална исповед од детството на Путин – Татко ми губеше свест од глад за да имам јас што да јадам

popara3 мај, 20151min00
1

Рускиот претседателм Владимир Путин деновиве во колумната објавена во весникот „Руски пионир“ објаснил како неговите татко и мајка со некое чудо ја преживеале Втората светска војна.

– Искрено кажано, татко не сакаше дури ниту да ја спомне таа тема. Но, кога возрасните разговараа, јас бев присутен и сите информации за војната и за тоа што се случувало со семејството ги дознав од тие разговори – наведува Путин.

Неговиот татко служел војска во Севастопол, во подморските единици.

„Раскажуваше како го раниле. Тој и уште еден негов пријател тргнале во помала акција во германската позадина. Дошле до германски бункер, но оттаму излегол силен маж. Тие не можеле ниту да мрднат затоа што биле на мета на митралез, а германскиот војник извлекол граната, а потоа и уште една и ги фрлил кон нив“, напишал рускиот претседател, велејќи дека неговиот татко бил тешко ранет.

Путин открива дека неговиот татко целиот живот го поминал со шрапнели во ногата, кои никогаш не биле извадени.

„Ногата го болеше, а стапалото му беше неподвижно. Ситните шрапнели лекарите не ги чепкале, за да не напукнат коските. Му благодарам на Господ, татко ми не ја изгуби ногата, затоа што за него се грижеше добар лекар“, напишал Путин.

Додека неговиот татко војувал, неговиот постар брат го одвеле од мајка му во Детски дом, а подоцна го евакуирале. Таму се разболел од дифтерија и починал за време на блокадата на Ленинград, односно денешниот Санкт Петербург.

„Татко ми, кога му дозволиле да се чекори, застанал на патерици и заминал дома. Кога пристигнал, видел дека болничарите изнесуваат мртви тела од влезот, а меѓу нив и неговата сопруга, мајка ми. Тој ѝ се приближил и му се причинило дека таа уште дише. Им рекол на болничарите дека уште е жива, но болничарите му одговориле дека подоцна ќе испушти душа и дека нема да преживее“, раскажува рускиот претседател.

Путин, притоа вели дека неговиот татко тогаш им се заканил со патериците и ги принудил болничарите да ја вратат мајка му назад во станот.

„Болничарите му рекле дека ќе направат како што сака, но го предупредиле дека во тој крај нема да дојдат повторно, барем две до четири недели и дека, ако неговата сопруга умре, ќе мора сам да се снаоѓа. Но, тој успеал да ја крене на нозе – остана жива. И живееше до 1999 година. А татко ми почина кон крајот на 1998 година“, наведува Путин.

„Мајка ми ми раскажуваше како го посетувала татко ми во болница каде што лежел после ранувањето. Имале мало дете од три години. Глад, блокада… Татко ми ѝ ги давал своите болнички оброци, скришно од лекарите и медицинските сестри. Таа ги криела, ги носела дома и го ранела детето. Тогаш, тој во болницата почнувал да губи свест од глад и лекарите и сестрите сфатиле што се случува и повеќе не ја пуштале“, напишал Путин.

Ова не е првпат Путин да пишува за „Руски пионир“. Додека беше на функција премиер, во мај 2009 година, раскажал за тој весник зошто не треба да се отпуштаат луѓето, а ако веќе мора да ги отпушти – тоа го прави сам.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag