Овогодинешното регионално шоу Х-фактор е преполн со таленти. Меѓу нив и голем број на Македонци.
Еден од нив е Давид Темелков кој со својот глас ја освои цела балканска публика.
Тој ја изведе песната „Тајно моја“ од нашиот Тоше Проески. Текстописецот на овој голем хит, Огнен Неделковски веднаш по емитувањето на Х-фактор побарал контакт со ова момче.
-По емисијата господинот Неделковски ме контактираше и ми даде комплименти. Не можа, да опишам колку сум среќен, како да сум на седмо небо. Јас ја обожувам таа песна, а Тоше ми е идол. Ми рече дека сака да ми напише песна, што е голема чест и се надевам дека таа соработка ќе стане реалност, рече Давид, пренесоа српските медиуми.
Текстописецот е воодушевен.Тој ја следи работата на Давид уште од порано, но сега одлучил да го контактира.
-Знаев дека поседува одлични вокални способности, но буквално останав без текст и без здив кога го чув како ја пее мојата песна и на Тоше. Како текстописец на оваа песна знам дека истата бара многу силни емоции и душа, како и преголем гласовен опсег. Таа “молика“ и тие “фенери“ и целата тажна приказна, треба да се доживее и убаво да се пренесе, а тоа не го може секој! Тоа го можеше само Тоше, рече тој.
Неделковски откри дека изведбата на Давид го расплакала, а потоа одлучил дека сака да напише песна за пејачот на кој му посакува победа!
https://www.youtube.com/watch?v=VGGlOkwYS8s