Животни лекции кои ги научивме од “Кум”

popara3 мај, 20151min00
10

„Кум“ (1, 2 и 3) се класични филмови кои го успешно го поминаа тестот на времето. Освен што тие се забавни, тие се приказни за успехот, семејството и капитализмот. Секој дел учи на важни животни лекции кои не смеете да ги пропуштите.

Не ветувајте нешто што не можете да го исполните 

Вашиот даден збор е најважното нешто што имате да го понудите. Сфатете го сериозно и секогаш добро размислете пред да ветите нешто. Понекогаш, едноставно мора да кажете „не“.

Не се мешајте во животот на останатите

Посебно, не се мешајте во животот на брачен пар. Приватниот живот е токму тоа – приватен и тој треба да се почитува.

Семејството е најважното нешто во животот 

Крвта е подебела од водата. „Човекот кој не поминува време со семејството не е вистински човек“ и „единственото богатство на светот се децата, повеќе од сите пари и моќта на Земјата“. – дон Вито Корлеоне.

Не дозволувајте да бидете преовладани од емоциите 

Дејствувајте само откако сте размислиле за сите можни последици од Вашите акции. Размислувајте мудро и дипломатски. Емоциите водат до пропаст. „Никогаш не ги мразете непријателите. Тоа влијае на Вашето осудување.“ – Мајкл Корлеоне.

Пријателите близу – непријателите уште поблизу 

Секогаш внимателно набљудувајте ги непријателите и останете рамнодушни колку и да не Ви се допаѓа некој. Посебно во јавност.

Бидете подготвени предвреме 

Никогаш не правете проценка без претходно планирање. Трпеливоста е клучна карактеристика.

Градете пријателства врз основа на почит и доверба 

Семејството не може да го изберете, но пријателите можете. Размислете за сите добри страни кои може да ги има пријателството со некого. Истовремено, земете ги предвид и недостатоците. „Пријателството е се’. Пријателството е повеќе од талент. Тоа е поголемо од владата. Тоа е речиси еднакво на семејството.“ – дон Вито Корлеоне.

Професионалниот живот задржете го за Вас и за членовите од семејството 

„Не ме прашувај за работа!“ – Мајкл Корлеоне. Не разговарајте за професионалниот живот или за семејните проблеми со непознати луѓе. Никогаш не знаете кому тие информации ќе послужат за да Ви наштети.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag