Уапсена за измама: Имала 10 сопрузи истовремено

popara5 мај, 20151min00
18

Само шест бракови имала помеѓу февруари и август 2002. година, но тоа не е се.

Американката Лајана Бариентос (28) од Њујорк е обвинета за измама. Властите известуваат дека во текот на 11 години, од 1999 година, таа имала најмалку 10 сопрузи во исто време.

Од нив, шест брака биле склучени помеѓу февруари и август во 2002 година. Не е јасно, дали таа некогаш се развела, а медиумите различно го пренесуваат тој дел од веста. Така, „New York Post” наведува дека еден нејзин сопруг поднел барање за развод, додека друг ја „оставил“, што го сведува бројот на нејзините венчавки на осум.  „New York Times“ пишува дека Лајана навистина се развела од двајцата први мажи и од уште двајца други, но дека тие разводи се случиле по долго време, откако веќе била во брак со уште тројца.

Извесно е дека на последниот „луд камен“ стапила во 2010 година.

Некои медиуми наведуваат дека таа користела различни имиња во различни бракови, правејќи варијации од своето вистинско име и презиме, додека секогаш го користела вистинскиот матичен број.

Лајана е уапсена кон крајот на минатата година, а „Дејли Њуз“ наведува дека таа моментално живее во засолниште за бездомници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag