Иако можеби е сеуште рано да почнеме да зборуваме за Galaxy Note 5, сепак во јавноста се појавија повеќе детали околу овој модел. Да погледнеме што не очекува…
Во моментот, Samsung е популарен со моделите Galaxy S6 и Galaxy S6 Edge, кои воведоа голем број на подобрувања и иновации во повеќе аспекти. Маркетинг стратегијата на Samsung секогаш се одвива на две полиња – кај „стандардните телефони“ со Galaxy S серијата и во светот на phablet уредите со помош на Galaxy Note серијата.
Извори блиски до корејскиот гигант тврдат дека имаат извадено податоци од IMEI датабазите, каде што моделот со кодно име SM-N920F поседува огромен 6 инчен екран на допир, а најверојатно ќе биде и првиот телефон со 4K резолуција од 3840 x 2160 пиксели. Со тоа, телефонот ќе биде апсолутен рекордер во густина на пиксели и со двојно подобар екран од сегашните QuadHD (2K) екрани.
Покрај стандардната верзија на Note 5, можеме да очекуваме и Edge модел кој ќе биде со екран со големина од 5,78 инчи, нормално заоблен од двете страни. На овие два модели им се приклучува и SM-G928S, кој според многумина е поголема верзија на Galaxy S6 и најверојатно ќе ја носи Plus ознаката.
Засега немаме информации за тоа кога би се појавиле овие модели на пазарот или по која цена.