Ако сè уште не сте ја сретнале љубовта на вашиот живот, подоцна ќе разберете. Ако имате ретка среќа да живеете во среќна и стабилна врска со љубовта на вашиот живот, ова ќе ви биде само еден забавен текст. Вистински ќе го разберат само оние кои својот живот го делат на пред и по нивната голема љубов.
Љубовта на животот е онаа која ја буди вашата емотивна интелигенција, способност за емпатија, страст, обожавање, воодушевување, а потоа ве доведува во ситуација да се соочите со праксата и секојдневието кои не ги поддржува илузијата.
Можеби љубовта на вашиот живот бил некој кој немал доволно сила и храброст за да сфати што му е најважно на светот и дека она што ќе го изгуби потоа тешко ќе го пронајде и никогаш веќе нема да биде исто.
Љубовта на вашиот живот не значи дека секогаш мора да биде взаемна за да се смета како таква. Можеби и вие сте нечија најголема љубов и кога ќе погледнете наназад, кога ќе бидете сами и ќе ја изгубите вашата љубов, не можете, а да не помислите колку би ви бил животот поинаков ако сте останеле со оној на кого сте му биле љубовта на неговиот живот.
Љубовта на вашиот живот се пронаоѓа и се губи во младоста. Бидејќи само младоста е доволно арогантна за да верува дека љубовта ѝ припаѓа и дека ќе ја наоѓа во текот на целиот живот.
Само младоста е доволно глупава за да се откаже од љубовта кога ќе се појават препреките и да не ги сфаќа предизвиците, да не простува, туку да се заврти и да замине навредена. Младоста е себична и импулсивна и не препознава вистинска вредност.
Но, ако младоста не постапува така, нашето животно искуство би било сиромашно, би се задоволувале со што и да е и никогаш не би го откриле духовното богатство и задоволство на животот, чија магична врата се отвора само преку болка и загуба и чиј сјај се гледа само низ солзите.
Додека сте во потрага на таквото богатство и додека го имате чувството како да сте изгубиле дел од себе и дека сте осакатени како некој да ви ја отсекол раката или како да сте болни од тага, нема да сметате дека сте глупави и драматични, бидејќи не сте.
Сте сакале и сте давале сè од себе за љубовта на својот живот и тоа не било доволно. Од многу причини сами за себе веројатно сметате дека сте биле и наивни и бесмислени, но тоа не е точно.
Љубовта на вашиот живот е единственото нешто кое се зема предвид, бидејќи таа се врежува длабоко во срцето и расте како цвеќе. Подоцна дознавате дека другите љубови не се исти. Престанете да барате иста таква, бидејќи сличноста само ќе ве потсетува на болката.
Кога еднаш ќе го прифатите моментот на „никогаш повеќе“, ќе оздравите од тагата и ќе почнете да чувствувате благодарност што сте доживеале нешто што некој и никогаш не го доживува.
Ќе запознаете поинакви љубови и ќе сфатите дека сте среќни и дека љубовта е немерлива. Таа не се задржува во границите на љубовта на вашиот живот и тоа е голема тајна која ја знаат само оние кои преживеале и продолжиле да љубат.