Јелена Карлеуша повторно е тема во светските медиуми. За српската пејачка пишуваат зборуваат повторно американските телевизии, поточно во емисијата „Wendy Williams Show“.
Темата во оваа шоу-програма било тоа дека Бијонсе, наводно го ископирала стајлингот на Карлеуша.
Ќе зборуваме за српската ѕвезда, која ја обвини Ким Кардашијан дека го ископирала нејзиниот стајлинг. Нејзиното име е Јелена, а таа е српската Лејди Гага. Карлеуша сака да стане ѕвезда во нашата земја, а таа нас не известила дека некој друг ја копира, рекла водителката на емисијата Венди Вилијамс и покажала фотографии од Карлеуша и Бијонсе на кои пејачките позираат во иста гардероба.
Венди исто така додала:
За тоа не е виновна Бијонсе, туку нејзините стилисти, рекла водителката.
https://www.youtube.com/watch?t=217&v=5f0G1sdE_X8