Секое животно кое се најде во неволја заслужува да му се помогне. Па и волк. Волонтери на Центарот за заштита и проучување егзотика и дива фауна Монте Адоне во Италија приметиле волк кој исцрпен стоел во ледена река. Иако е нормално да бега кога ќе види човек, животното стоело мирно. Покажувало знак на нервоза, но не мрдало од место.
Набрзо волонтерите сватиле за што станува збор. Нозете му биле речиси парализирани од водата, па не можел да побегне.
Почнала акцијата на спасување. а животното не се ниту спротиставило, но откако го извадиле од водата почнала драмата. Волкот под влијание на исцрпеноста и стресот престанал да дише, но по реанимацијата почнал повторно да дише. По снимањето на рентген преживеала неколку ловечки хајки. Сосема доволно за да никогаш не верува на човек.
Но, помошта и љубовта која му ја пружиле волонтерите предизвикала вистинско чудо. Волкот сватил дека тие му помогнале и им јадел од раката и бил мирен како куче.
После две недели поминати во ветеринарната амбуланта, волкот се опоравил. Нозете му профункционирале и повторно можел да оди. Потоа бил пуштен назад во природа.
Сјаен гест на волонтерите и прекрасна реакција на животното кое навикнало од луѓето само да очекува болка и страдање.