Новата убавица која се пробива кон славата од семејството Кардашиан, слатката Кендал (19) се појави во друштво на својата постара сестра Клои Кардашиан на НБА натпреварот во Лос Анџелес.
Популарната тинејџерка и покрај своите години се појави во кожни гладијатор чизми, секси кратки шорцеви и елегантен црн мантил.
Клои (30) овој пат се одлучи на малку посуптилна варијанта, тесен црн фустан – вистинско решение, особено ако ја искомбинирате со кожна јакна.
Сестрите по се изгледа одлично се забавувале на натпреварот и навивале од првите редови, а се чини и дека по спортскиот настан продолжиле со забавата на друго, поприкладно место.