Дури 68 години по наводниот пад на НЛО кај градот Росвел во Ново Мексико, група ентузијасти се собрале и организирале изложба со наслов “Биди Сведок”. На таа презентација биле прикажани никогаш видени фотографии на кои се гледа непознато суштество…Љубителите на НЛО откриле и каде ги пронашле тие фотографии.
“Беа оставени во подрумот од една куќа во Седони…”
Презентацијата предизвикала големо внимание во САД, иако не е познато дали станува збор за маркетиншки трик или за добро смислена измама. Како и да е, влез на изложбата се наплаќа 300 долари, пренесува International Business Times.
Росвел влегол во центарот на вниманието во 1947. година, кога во пустината се урнало непознато летало. Никогаш до крај не било разјаснето што навистина се случило.
https://www.youtube.com/watch?v=rFs_U6B5y9c