Доколку во вас се уште има дете желно за игра и забава во луна паркови, погледнете каква луда и возбудлива разонода нуди иднината.
Компанијата The Void во понеделникот за прв пат покажа како ќе изгледаат нејзините идни таканаречени виртуелни забавни паркови, од кои првиот ќе биде направен во Јута во 2016. година.
Центрите ќе бидат опремени со најсовремени хардверски и софтверски решенија, што значи дека во виртуелната реалност ќе имате прилика да бидете витез кој ќе ја спаси принцезата од змејот, пилот чија мисија е да ги уништи нуклеарните бази, јунак вооружен до заби во борба со вонземски чудовиште…
„Нашите посетители ќе носат посебни одела со таканаречени Раптур кациги за искуствата да бидат целосни. Во виртуелниот свет ќе се наоѓаат сликата и звукот, но во него ќе чувствувате и допири, мириси. Ќе биде тоа забава за која мечтаевме до неодамна“, откри првиот човек на компанијата Ken Bretschneider.